Анализа на пораките
Специфична техника со којашто се истражува идејата за авторството, форматот, публиката, содржината и целта на медиумските пораки. Оваа техника овозможува подетално и подлабоко да се погледне во медиумската содржина и во нејзините ефекти. Анализата на медиумските пораки е еден од најважните делови на медиумската писменост.