Анахронизам

1.Поим, творба, предмет, појава што му припаѓа на минатото; што е застарен за времето во кое се актуализира: вестернот како филмски жанр, емисијата „Три гонга“ (1971 ‒ 1988) на Македонското радио, касетофонот, телеграмата.

2. Поставување настани, предмети, појави во време на кое не му припаѓаат: податокот дека мобилната телефонија постои низ целиот 20 век; реквизити, костимографија, музика во театарска претстава, филм или емисија, неусогласени со времето и тематиката во коишто се прикажуваат. Може да биде намерен – во филмот Паркот Јура на Стивен Спилберг или ненамерен – навиката за користење дискета или машина за пишување.

Албански

Anakronizëm

Англиски

anachronism

Skip to content