Алузија

Посредно или имплицитно насочување со исказот кон некого или кон нешто; асоцијација со позитивна или со негативна позадина во контексти коишто најчесто се општопознати за аудиториумот. Дел од медиумските содржини при користење на алузии прикриено го насочуваат вниманието кон нечија општествена или политичка дејност, кон популарноста на познати личности, кон надворешниот изглед, личниот живот, сексуалноста на поединци или на групи. Често се користи во најавните шпици и во насловите поради својот стилски и јазичен ефект и привлекување внимание. Пр.: Скопјани ќе го гушкаат и кинескиот ѕид. Ревизор или сомнително лице кај министерката?

Албански

Aluzion

Англиски

allusion