Алтернативни факти

Вид манипулација со факти, извртување на вистината преку произволна интерпретација на фактите. Поимот може да има две значења: погрешно прифатена грешка како вистина или изјава којашто се знае дека е лажна, но е претставена како вистина (односно лага). Почнува да се употребува  во 2017 година од страна на Келијан Конвеј, советничка на тогашниот претседател Доналд Трамп, со цел да ја објасни лажната изјава на секретарот на Белата куќа нарекувајќи ги неговите тврдења ‒ алтернативни факти.

Албански

Fakte alternative

Англиски

alternative fact