Алтернативен медиум
Медиумски извор кој се разликува од доминантните видови на медиуми по содржина, продукција и дистрибуција. Често е некомерцијалeн проект, кој ги застапува интересите на оние кои се исклучени од мејнстрим-медиумите. Ги оспорува доминантните уверувања и вредности. Aлтернативните медиуми мораат да се свртат кон иновативните начини за доаѓање до информации и креирање на содржините. Во голема мера им помага граѓанскиот активизам чие ангажирање ги прави уште поавтентичен извор на информации. Се нарекуваат уште и медиуми на третиот сектор затоа што не припаѓаат ниту на јавниот ниту на комерцијалниот сектор, туку на граѓанското општество.