Акустика

Гранка на физиката што се занимава со проучување на звукот. Се дели на општа и применета акустика. Современата применета акустика се дели на повеќе гранки, од кои за медиумите се особено важни електроакустиката и архитектонската акустика. Електроакустиката се занимава со електронски уреди коишто го претвораат звукот во електрична енергија или обратно, како што се: микрофонот, звучникот, слушалките и др. Архитектонската акустика се занимава со начинот на ширење и задушување на звукот во затворен простор, како што се: концертни сали, театри, кина, студија за снимање итн. Посебно внимание се обрнува на проектот за изградба, како и на видот на материјалите.

Албански

Akustikë

Англиски

Acoustics