Активизам
1. Учење или дејство што нагласува посветено ангажирање особено во поддршка или спротивставување на некоја страна во важна или контроверзна општествена тема, на пример, политички активизам, еколошки активизам.
2. Активности како што се критикување на интернет, протести, објави насочени кон властите, големите бизниси, корпоративните практики и главните медиуми, од страна на поединци или од страна на групи кои водат интернет-страници, весници. Протестирањето може да биде изразено и како хумор, сатира или субверзии и да се служи со техники и алатки на популарната култура како чин на субверзивност. Активистичките групи се посветени на одредена кауза со цел да доведат до промени и да го привлечат вниманието на јавноста кон одредена тема.
3. Теорија, доктрина или практика на гласно, честопати и милитантно дејствување, како масовни протести, штрајкови, кои се користат како средство за спротивставување на некое контроверзно прашање, субјект или лице.
4. Процес преку кој посебните групи од интерес вршат притисок врз компаниите или други институции за промена на политиките, практиките или условите кои активистите ги сметаат за проблематични. Се појавува кога одредена група смета дека некоја тема е проблематична. Активизмот е еден од двигателите на развојот на односите со јавноста, со оглед дека во некои од нејзините најзначајни периоди на развој се забележува високо ниво на активизам затоа што активистичките организации сметаат дека односите со јавноста им се неопходни за да го искажат својот став и да ја постигнат својата цел.