Акцент

1. Нагласување еден слог од збор или дел од реченица со силата на гласовниот удар. Стандардните јазици поседуваат оригинален акцентски систем, со кој се изедначуваат дијалектните, жаргонските и стилистичките различности. Правилното акцентирање е одлика на цивилизиран однос кон јазикот и кон општата култура на средината; неговото нарушување во образовната практика и во медиумските содржини резултира со акцентски недоследности и со снижување на стандарднојазичната норма во јавното општење.

2. хом. акцентски знак Знак за бележење на акцентот (‘): мéдиум;  рекламúра; Комисúјата го дáде прéдлогот, не граѓáните.

Албански

Theks

Англиски

accent