Вулгаризам

Прост, непристоен збор. Вулгаризмите се погрдни зборови и изрази (опсцена лексика) кои се карактеристични, главно, за разговорниот стил, иако со развојот на технологијата и со појавата на социјалните мрежи на интернет, сè повеќе се среќаваат и во писмена форма. Ваквите зборови се емоционално-експресивни и со нив се искажува негативен став кон некого или кон нешто. Се однесуваат на физичкиот изглед или на психолошки особини и состојби, како и на моралните особини и на сексуалната ориентација на некоја личност. Тука спаѓаат и пцостите, заканите, навредите и сл. Ваквите зборови и изрази не влегуваат целосно во речниците, а тие што се внесени вообичаено се означени како груби, погрдни (пејоративни) или вулгарни. Покрај грубите и погрдните зборови во основното значење, тука влегуваат и неутрални зборови со пренесени значења.

Албански

Vulgarizëm

Англиски

Vulgarism