Варваризам

Збор или израз што не припаѓа на лексичкиот состав на даден јазик, а се употребува од стилски причини: шустер, мистер, порфаворе, визави, тет-а-тет, дур бакалам. Често се приспособува на граматичките правила на јазикот во кој се користи: бујрумте, ишуренсот, полисменти, стритоите, либе мајне.

Албански

Barbarizëm

Англиски

barbarism

За повеќе види:

С. Груевска-Маџоска, Лексикологија на македонскиот јазик, Книгоиздателство МИ-АН, Скопје, 2022