Вторична, секундарна виктимизација
Однесувања и ставови со кои жртвата на насилство трпи дополнителна штета, но сега не како директен резултат на кривичното дело, туку поради начинот на кој институциите и другите поединци постапуваат со неа. Ова може да биде предизвикано, на пример, со постојано изложување на жртвата на сторителот, повеќекратно испрашување за истите факти, употреба на несоодветен јазик или бесчувствителни коментари дадени од сите оние кои доаѓаат во контакт со жртвите.