Виртуелна реалност
Технологија што овозможува интеракција со компјутерски симулирана околина, без разлика дали е реална или измислена. Најчесто е визуелна симулација, прикажана на компјутерскиот екран или со помош на специјални стереоскопски екрани, но некои симулации се со додатни сетилни информации, како генериран глас преку звучници или слушалки. Симулираните средини можат да бидат многу слични со реалниот свет (како симулација на пилотирање со авион), но и драстично различни (како ВР-игрите).