Вестерн

Литературен и кинематографски жанр во кој се обработува животот во западниот дел на САД во периодот од 1850 до 1900 година, кој вклучува каубојци, Индијанци, шерифи, доселеници и др.. Го претставува тогашното беззаконие, придружено со многу насилство и пукање. Главни теми се: слободата, правдата, личната чест, одмаздата, борбата меѓу отпадниците и чуварите на редот и сл. Индијанците се претставени како дивјаци, а жените имаат споредни улоги, како љубовници, проститутки или жени на доселениците. Жанрот е многу популарен во ерата на немиот филм (1894 ‒ 1927), по што интересот нагло спласнува, сè до 1940 година кога настанува ‘златната ера на вестернот’ (1940 ‒ 1960). Во 1960-те и 1970-те светски популарни стануваат и италијанските вестерни (‘spaghetti western’), главно поради режисерот Серџо Леоне (Sergio Leone).

Албански

Uestern

Англиски

Vestern