УРЛ, Универзален локатор на ресурси
Адреса на определен ресурс, како што е документ или страница, во интернет-просторот. Овој локатор не ја определува само адресата во мрежата туку и типот на објектот на конкретната веб-врска. Универзалниот локатор на ресурси обично се состои од:
– назив на протоколот којшто се користи за пренос на ресурсот преку мрежата,
– назив на компјутерот на којшто се наоѓа ресурсот,
– назив на самиот ресурс даден како патека.