Ударен термин
Временски период кога има најголем интерес на публиката за медиумските содржини. Се однесува на ударен термин на телевизиски и радиопрограми кога има најголема гледаност и слушаност. Вообичаено ударно време се ноќните часови затоа што публиката е најактивна во слободното време. Временската рамка варира помеѓу 19 и 23 часот.