Проверка на факти

Систематско прегледување на доказите коишто се презентираат преку извори или документи околу настаните или темите коишто се третираат во вести, извештаи, но и други видови новинарски жанрови. Проверката не е лична проценка на тоа што е вистина, а што лага, туку конкретен процес за докажување на вистинитоста на изјавите или пак објавените документи. Цитатите треба да се проверуваат како што се дадени во изворна форма, бидејќи проверката само на делови од цитатот често доведува до конфузија или води до погрешни заклучоци. Проверката на вистинитоста на изјавите треба да се врши со обезбедување на видеото на изворот или на оригинални документи. Ако нема друга опција, може да се врши врз основа на објавен текст во кредибилен медиум којшто својата работа ја темели врз проверени факти.

Албански

Verifikimi i fakteve

Англиски

fact checking