Пропаганда во воени услови
Кампањи што имаат за цел да помагаат во војна. Типични техники што се користат во рамките на оваа пропаганда се измамата, лагата и други методи што имаат за цел да се ослабне противникот и да се подигне волјата и силата во сопствените редови. Воената пропаганда може да биде насочена против непријателот (т.н. негативна пропаганда) или кон сопственото население (т.н. позитивна пропаганда). Воената пропаганда најчесто се користи од вооружените сили, додека нејзиното времетраење е ограничено за време на кризата.