Профил на социјална мрежа
Личен кориснички профил (сметка или налог) на социјалните мрежи, како што се Фејсбук, Инстаграм, Твитер, ТикТок и др. Вообичаено се состои од профилна слика, податоци за корисникот и испис на активности на корисникот. Преку профил на социјална мрежа корисникот може да објавува сопствени или споделени содржини во форма на текст, звук, видео, анимации и др. Профил се разликува од „официјална страница“ (page, англ.), на пример, на социјалната мрежа Фејсбук, којашто е предвидена за користење од страна на организации, здруженија, компании, институции или јавни личности, а којашто нуди дополнителни опции за корисникот, како што се разновидни информации и погодности во комуникацијата со оние коишто ја следат страницата.