Приватност

Право на граѓаните да бидат оставени на мир од страна на медиумите, сè додека не постои оправдан јавен интерес за спротивното. Јавните личности, дури и лица под истрага и нивното потесно семејство, го задржуваат правото за почитување на cемејниот живот, домот, здравјето и комуникацијата. Но, може да се информира за нивното однесување доколку постои јавен интерес. Упадот мора да биде оправдан во поглед на јавното добро, коешто ќе следи по објавувањето на информацијата. Луѓето на јавни места не можат да очекуваат ист степен на приватност како во домот. Kога аудио-визуелната опрема не е очигледна, како што се мали камери, мобилни камери или фиксни веб-камери, треба да се известат луѓето дека може да бидат снимани и на тој начин да им овозможат тоа да го избегнат. Во болници, училишта и затвори треба да се добие согласност за прибирање информации и нивно објавување, освен кога е оправдано да не се добие согласност заради јавниот интерес.

Албански

Privatësia

Англиски

privacy