Примач

Според Роман Јакобсон, јазикот е средство за комуникација, а моделот што тој го нуди да го опише процесот на комуникација се состои од шест компоненти: испраќач, примач, порака, канал, код и контекст. Примачот (адресат) ја прима пораката која ја испраќа едно лице (испраќач, адресант), создадена во одреден код (јазик), испратена преку одреден канал (вербална или невербална комуникација) во одреден контекст.  Во комуникацијата која се создава со односите со јавноста, целните публики се примачите на пораката која ја комуницираат организациите, институциите и поединците. Вообичаено, испраќачот има одредена комуникациска цел и значење на пораката, кои не секогаш се компатибилни со она што примачот го добива како информација или го создава како значење на пораката.

Албански

Marrës/pranues

Англиски

Receiver