Преземање податоци

Пренесување податоци од еден на друг компјутерски систем по пат на интернет. Брзината на пренос на податоци е еден од факторите којшто влијае врз квалитетот на онлајн-врската и можноста за преземање на поголеми количества податоци. Преземањето податоци со брзина од над 1 мегабајт во секунда е приближно минималната брзина за широкопојасниот интернет (спореди со „интернет преку телефонска врска“, т.н. dial up connection, англ.). Брзината и квалитетот на онлајн-врската е клучна компонента во т.н. „дигитален јаз“, односно социоекономска или географска поделеност според квалитетот и брзината на онлајн-услугите на интернет-провајдерите/испорачувачите. Корисниците кои немаат поврзаност на интернет или таа е под одреден праг на брзина и квалитет се практично исклучени од можноста да користат одредени онлајн-услуги и да преземаат некои од содржините на интернет.

Албански

Shkarkimi i të dhënave

Англиски

Data download