Превртена пирамида
Постојат два основни начина на презентирање на новинарската вест: пирамида и обратна пирамида. Во начинот пирамида, во првата реченица се презентира веста и одговорите на петте прашања, а понатаму се дообјаснува основната вест. Во обратната пирамида, основната вест оди на крајот, односно веста почнува со објаснување или некои претходни информации. Пример за обратна пирамида: „Пред три години балетот ‘Лебедово езеро‘ ја имаше својата премиера во Скопје. Оттогаш досега, изведени се 150 претстави, во кои учествуваше првенката на балетот Мирјана Перовска. По повод нејзиниот 150-ти настап, ѝ беше врачена благодарница“.