Предрасуди
Уверувања или предубедувања без да се направи истражување за одредена група. „Неправедни, пристрасни или нетолерантни ставови или мислења кон друг поединец или група едноставно поради тоа што ѝ припаѓаат на специфична религија, раса, националност или друг вид група“. Доколку за одредена култура ретко се известува во медиумите, луѓето ќе имаат поголеми предрасуди кон неа. Штетниот ефект од предрасудите е тоа што поединците во една група се перципираат според површните карактеристики што ги прават дел од една група. Предрасудите можат да создадат избегнување и интерперсонален конфликт, како и да ја спречат ефективната комуникација помеѓу поединци од различни култури.