Позитивно (раз)откривање
Објавување на штетните својства, ограничувањата или недостатоците на рекламираниот производ, со цел да се заштити потрошувачот од измама или од други неетички последици. Ова се врши во согласност со законите и регулациите на државата и најчесто не е посакувано од оној што го рекламира производот. Проактивното разоткривање не се однесува само на својствата на некој производ туку и на информации и понуди што вклучуваат подароци, враќање на парите или парични облози.