Поттекст
Во интертекстуалната релација, поттекстот е оригиналниот, постариот текст, оној врз којшто почива новиот, видоизменетиот. Поттекстовите може да бидат мотиви, делови од текстови или цитати коишто се вградени или внесени во новиот, актуелниот текст.