Популизам
Политичка филозофија која ги застапува интересите на обичниот човек, т.е. на народот (populus лат. народ) и може да биде и левичарска и десничарска. Политичарите често ги користат термините популист и популизам како погрдни за своите политички противници, односно дека тие му се додворуваат на народот со нереални ветувања.