Политичка комуникација

Дел од комуникациската и oд политичката наука којшто истражува како информацијата се пренесува, циркулира и влијае меѓу политичарите, законодавците, медиумите и граѓаните. Политичката комуникација се фокусира на тоа како се создаваат и како се разменуваат идеите и мислењата меѓу граѓаните, јавните функционери, политичките институции и медиумите. Таа е интердисциплинарна наука којашто се наоѓа меѓу социолошката наука, стратегиската комуникација, новинарството и медиумите, и политиката и владите. Академските истражувања од политичката комуникација го истражуваат односот на создавањето пораки и како тие се пренесуваат, нивната содржина и ефектот што го произведуваат во јавноста.

Албански

Komunikim politik

Англиски

Political communication