Полисемија

Повеќезначност. Полисемијата се пројавува во контекстот, односно таа означува способност на зборовите да добијат различни значења во зависност од различните употреби. Во медиумите, се однесува на можноста еден ист текст да се интерпретира различно. Во современите теории за масовната комуникација (Denis McQuail), се смета дека секој текст во медиумите по природа е полисемичен, односно повеќезначен поради тоа што може да има различни интерпретации во зависност од публиката, а може да биде и намерно така срочен што да може различно да се интерпретира.

Албански

Polisemi

Англиски

polysemy

Skip to content