Плурализам во медиумските содржини
1. Интерен плурализам, којшто подразбира разновидност на содржините што се произведуваат и дистрибуираат во медиумите.
2. Обезбедување доволна разновидност на медиумски формати, програми и содржини во коишто се одразуваат гледиштата и ставовите на целиот политички спектар во едно општество, без разлика на идеолошките определби. Медиумско претставување во рамномерен простор и време на доминантните општествени групи, но и на тие кои се разликуваат од мнозинството, со што се отсликува разноликоста врз етничка, јазична, културна, религиозна, регионална, полова основа и по основ на сексуална определба.