Нови медиуми

Термини кои се однесуваат на можностите кои ги даваат компјутерите и телекомуникациите, вклучувајќи го интернетот и неговите апликации. Новите медиуми се разликуваат од „старите“ медиуми на различни начини. Комуникацијата може да се врши без контрола од страна на институциите; новите медиуми се интерактивни, двонасочни, додека традиционалните медиуми беа средства за еднонасочно информирање и забава. Новите медиуми се со брз развој, а особено се користат од страна на младите. Традиционалните медиуми, како весниците, можат да се читаат во дигитална верзија, фотографиите се објавуваат и се промовираат дигитално, а се развија и нови начини на комуникации и изразување на индивидуалноста.

Албански

Media të reja

Англиски

new media