Нетјани

1. Неологизам, кованица или сложенка од зборот „интернет“ и морфемата што означува државјани или жители на некоја територија. Нетјаните се сите оние што „живеат“ на интернет, што го користат секојдневно и во повеќе области од својот живот, што интензивно ги користат неговите придобивки за комуникација, работење и егзистенција.

2. Активен учесник во онлајн-сферата, личност којашто го користи интернетот не само за свои лични цели туку и за унапредување на неговите општествени и политички придобивки, како отворениот пристап или слободата на говорот.

Албански

Netizen

Англиски

netizens