Непрофесионални произведувачи на содржини
Креатори коишто создаваат и споделуваат информации без уредувачки надзор и без почитување на професионалните стандарди и етички норми за точност, објективност и балансираност. Нивната работа е базирана на нетранспарентни економски извори. Често ги кршат одредбите за слобода на изразување и приватност и со тоа не се доверливи. Во оваа група спаѓаат корисниците на социјалните мрежи, блогерите или инфлуенсерите на Јутјуб.