Нефикција

Вид литература којашто е целосно референцијална, односно се однесува на стварноста. Нефикцијата може да претставува медиумски текст, есеј, збирка есеи или колумни, како и друг вид текстови коишто може да се напишани во публицистички или научнопопуларен стил, како филозофски, социолошки или политички текстови. Нефикцијата е поширок поим за фељтони, хроники, автобиографски записи, мемоари и друг вид документаристичка проза.

Албански

Jofiksion

Англиски

Non-fiction