Линкдин

Американска социјална мрежа наменета за барање и воспоставување деловни контакти. Линкдин им овозможува на регистрираните корисници да состават и да надополнуваат список на деловни контакти, коишто можат да бидат поканети како од самата платформа така и однадвор, при што потребно е претходно запознавање со контактите. Доколку корисникот нема директна врска со контактот, тој може да биде претставен преку други контакти. Корисниците на Линкдин можат да ги користат своите контакти со цел објавување на професионално си-ви и барање работа, препорачување, објавување слободни работни места и создавање групи врз основа на заеднички професионални интереси.

Албански

Linkdin

Англиски

LinkedIn