Курвоклетство

Форма на сексуално насилство или дискриминација кога одредена личност, најчесто жена, се нарекува „курва“, односно се обвинува дека е промискуитетна и сексуално премногу слободна, со цел да се навреди, да се понижи или да се обезвредни. Курвоклетството сè почесто се случува онлајн, а потекнува од предрасуди за сексот и за тоа дека сексуалната слобода, особено кај жените, е непожелна, срамна и недостојна. Жените кои се обвинувани како „курви“ најчесто се критикуваат за нивната облека, однесување, за тоа дека самите го предизвикале сексуалното насилство врз нив („си го барале“), а некогаш и за нивната гласност или активизам за сексуалното и за репродуктивното здравје.

Албански

Kritikë seksuale

Англиски

Slut-shaming