Културна меморија

Терминот културна меморија (колективна меморија, општествена меморија) често се користи со различни значења и толкувања. Тоа е термин чадор под којшто може да се подведат медиумите, практиките, како и различни структури, како што се: митот, спомениците, историјата, ритуалот, сеќавањето и невронските мрежи. Терминот прв го вовел Морис Холбвахс. Културната меморија ни помага да ги анализираме односите меѓу античките митови и сеќавањето, на пример, што отвора можност за различни дисциплини, како што се: културолошките студии, психологијата, историјата, социологијата, литературните студии, коишто можат да се вклучат во стимулативен дијалог. Најопшта определба на културната меморија би  било заемно дејство на сегашноста и минатото во социокултурни контексти.

Албански

Kujtesë kulturore

Англиски

cultural memory

За повеќе види:

1. Erll, A., Nünning, A., & Young, S. B. (2008). Cultural memory studies: An international and interdisciplinary handbook: Vol. 8 =. Walter de Gruyter.

2. Halbwachs, M. (1925). Les Cadres sociaux de la mémoire. Paris: Libraririe F. Alcan.