Конотација

Вторично/секундарно или дополнително значење на знакот, зборот или изразот, коешто се добива по пат на асоцијација. Конотативното значење е дополнително кон денотативното (основното, буквалното) значење на знакот и зависи од повеќе фактори, како општествениот контекст во којшто се јавува знакот, личното искуство на поединецот што го восприема тој знак или природата на текстот во којшто се јавува (уметнички, поетски, фикциски).

Албански

Konotacion

Англиски

Connote/connotation