Комуникациска стратегија
Значаен сегмент на односите со јавноста којшто ѝ овозможува на организацијата да ги утврди новите можности, да ја приспособи постоечката стратегија или да направи процена на утврдените цели. Потребна е кога организацијата треба да надмине одреден проблем или негативни ситуации, кога се почнува нов проект или за зачувување на угледот и на јавната поддршка. Успешното комуницирање со целните групи ѝ помага на организацијата да изгради поврзаност и полесно да ги надмине конфликтите со потрошувачите или корисниците.