Комуникација

Размена на пораки преку некој канал и медиум. Теоретичарите на комуникацијата ја класифицираат во различни видови, како комуникација со гестови, вокална, визуелна, сигнална. Според комуникацискиот модел на Јакобсон (1960), во чинот на комуникација се вклучени: испраќач (адресант), примач (адресат), порака, канал (преку кој се врши комуникацијата), код (јазикот на кој се пренесува комуникацијата, симболите, знаците или гестовите, во зависност од тоа дали е вербална или невербална комуникација) и се случува во одреден контекст.

Албански

Komunikim

Англиски

communication

Skip to content