Компјутеризирана пропаганда / автоматизирана  пропаганда

Користење компјутерски уреди и компјутерски програми или апликации со цел ширење одредена пропагандна содржина. Вообичаено се користат средства како што се: (а) ботови, или автоматизирани креатори и дистрибутери на содржини, (б) алгоритми, посебни компјутерски програми за селекција, насочување и ширење на пропагандните содржини, (в) автоматско умножување на пропагандната содржина и нејзино канализирање до што поголем број онлајн-корисници. Целта на компјутеризираната пропаганда е да се наметне одредено расположение или став во јавноста со автоматизирано умножување и повторување на одредена содржина или порака.

Англиски

Computational propaganda / automated propaganda