Колективен идентитет

Најопшта дефиниција на колективниот идентитет подразбира „припадност на група којашто произлегува од заедничките интереси, искуства и солидарност на членовите“. Според некои истражувачи, претставува политичка организација околу заедничкиот идентитет, за разлика од класната организација во минатото. За современите теоретичари, елементи на колективен идентитет се поединците да се гледаат себеси како дел од групата кога некоја заедничка карактеристика станува истакната и се дефинира како важна. Во колективниот идентитет се вклучуваат не само политичката свест и меѓусебните односи туку и целите, средствата и средината на дејствување. За новите теоретичари на општественото движење, концептот на колективен идентитет подразбира и директно спротивставување на доминантниот поредок.

Албански

Identitet kolektiv

Англиски

collective identity