Колачиња /веб- ~, интернет- ~, ~ на прелистувачот

Текстуални датотеки коишто веб-страниците ги складираат во текот на прелистувањето за што е неопходно да побараат потврда од корисникот. Веб-страниците со сочувување на дел од овие податоци креираат кориснички профили базирани на претходните активности на корисникот, што понатаму овозможува побрз пристап на операциите преку препознавање на корисникот. „Колачињата“ можат да се прегледаат во делот за приватност на поставките и рачно да се избришат. Технологијата на колачиња е безбедна за приватноста на корисникот со исклучок на „колачињата од трета страна“, коишто се складираат кога веб-локацијата вклучува елементи од други веб-локации – слики, додатоци за социјални медиуми, реклами.Секој голем веб-прелистувач има систем со којшто се уредува прифаќањето или одбивањето на разните типови колачиња.

Англиски

cookies / web ~, Internet ~, browser ~