Когнитивна дисонанца

Нерамнотежа кај некоја личност, односно чувство на неудобност кај личноста меѓу одредено сознание и ставот или однесувањето; на пример, поради одењето со автомобил на протест против загадениот воздух или користењето пластични чаши или чинии и залагањето за почиста животна средина. Според истражувањата, за да се справи со ваквото чувство на неудобност, личноста би го потиснала сознанието, односно попрво би посегнала кон некои истражувања што го оспоруваат отколку да го промени своето однесување. Понекогаш когнитивната дисонанца кај некоја личност се јавува и кога тој/таа изнесува две тврдења што се контрадикторни помеѓу себе, но нема свест за тоа. Секоја порака во медиумите и, воопшто, во јавната сфера, може да биде извор на дисонанца затоа што примателите може да ја сфатат нејзината сериозност, а да не постапуваат според неа; оттаму, може да се почувствуваат навредено или дискриминирано од неа и да ја отфрлат. Со цел таа порака да биде прифатлива, понекогаш се „обландира“ токму за да се избегне нејзината потенцијална отфрленост или пренебрегнување.

Албански

Disonancë kognitive

Англиски

Cognitive dissonance