Когнитивен

Сознаен, спознаен; којшто се однесува на мислењето, помнењето, на способноста за забележување, анализирање, синтетизирање, решавање проблеми. Медиумските содржини коишто ги надминуваат еднонасочните линиски пораки од коишто се преземаат готови информации ги поттикнуваат менталните способности на три нивоа – мисловно, искуствено и сетилно. Разумното користење на социјалните мрежи позитивно влијае на социјалното сознание, т.е. на способноста да се сочуваат сопствениот самоконцепт и самопочитта. Разни медиумски содржини од образовен и воспитен карактер ги развиваат сознајните процеси кај децата.

Албански

Kognitiv

Англиски

cognitive

За повеќе види:

Firth J, Torous J, Stubbs B, Firth JA, Steiner GZ, Smith L, Alvarez-Jimenez M, Gleeson J, Vancampfort D, Armitage CJ, Sarris J, The “online brain”: how the Internet may be changing our cognition, World Psychiatry, 2019.