Кибернасилство, кибервознемирување (сајбернасилство, сајбервознемирување)
Насилство, вознемирување преку употреба на дигитални технологии. Може да се случи на социјални медиуми, платформи и апликации за испраќање пораки, играње игри и мобилни телефони. Станува збор за повторено однесување, со цел да се исплаши, налути или засрами лицето кому е насочено. Може да биде ширење лаги, објавување компромитирачки фотографии или видеа од некое лице на социјални медиуми, навредливи, понижувачки или заканувачки пораки, испраќање злонамерни пораки кон трети лица во име на лицето кое е цел на насилството или вознемирување преку лажни профили.