Кибербулинг/сајбербулинг
Форма на насилство преку интернет. Се користат електронски средства за нанесување штета или за агресивни напади. Се пројавува со испраќање пораки или видеа што ја исмеваат, ѝ се закануваат или ја заплашуваат личноста, преку социјалните мрежи или преку мрежите за комуникација. Онлајн-насилството е исто толку погубно и штетно како и она во реалниот свет, затоа што ја измачува, ја плаши и ја деградира жртвата. в. Врсничко насилство