Хомоним
Збор со иста форма со друг, но различен по значење. Во речниците ваквите зборови се претставени под различни речнички статии, вообичаено со надреден број, односно нумерирани, на пр. коса1 .
1. сите влакна на главата на човекот.
2. што личи на коса: а) реските на врвот на кочанот од пченка. б) вид плевел со долги жолти нишки што личат на коса, вилина коса’, коса2 ‘земјоделско орудие за косење трева направено во облик на долго свиено сечиво и прицврстено на долга дрвена дршка’, и коса3 ‘планинска страна, дел од планински масив со рамна страна’.