Доверба во медиумите

Состојба во којашто публиката нема сомнеж во медиумските содржини коишто се пренесуваат, особено оние од информативен карактер. Непристрасноста и чесноста, како и почитувањето на другите професионални стандарди и етички норми се битни публиката да биде убедена дека со неа не се манипулира за различни цели. За да изградат доверба, медиумите имаат обврска нејзе да ѝ овозможуваат начин за преоценување на новинарскиот труд. Довербата зависи од заштитата на јавниот интерес, проверувањето на фактите, веродостојноста на изворите и некористењето неетички медиумски практики. Довербата се зајакнува со пласирањето информации коишто со својата содржина ги едуцираат граѓаните за развој на демократското општество.

Албански

Besimi ndaj mediave

Англиски

trust in media

Skip to content