Дефокусирање

1. Техника која се користи во комуникациите, пропагандата, политичките комуникации со цел да се пренесе вниманието од темата којашто во моментот е актуелна, на други прашања поврзани со темата или пак на сосема други прашања. Честопати се користат и дезинформации со цел да се пренесе вниманието на јавноста (дефокусирање) од темите кои се негативни за клучните актери (политичари, бизнисмени, јавни личности итн.).

2. Техника на снимање со која намерно се избледува сликата за постигнување психолошки ефект.

Албански

Defokusim

Англиски

defocusing