Дебата
Јасно структурирана и специјално организирана јавна размена на размислувања за актуелни теми меѓу две страни, обично со спротивставени ставови. Овој вид јавни спорови се организираат со цел учесниците на дебатата да убедат трета страна дека имаат право, најчесто јавноста, а не една со друга. Вербалните и невербалните средства коишто ги користат учесниците во дебатата се насочени кон формирање определено мислење кај публиката во врска со зададената тема.